Линкови за пристапност

Обама ги објаснува забелешките дадени пред жив микрофон


На самитот во Сеул тој приватно му рече на рускиот претседател дека по изборите ќе биде пофлексибилен

Американскиот претседател Барак Обама во вторник ги објасни забелешките за ракетната одбрана на рускиот претседател Дмитри Медведев случајно слушнати преку вклучен микрофон.

На нуклеарниот самит во Сеул, Обама приватно му кажа на рускиот претседател дека годинава е неговиот последен избор и дека ќе има поголема флексибилност откако биде реизбран.

Обама подоцна на новинарите им кажа дека САД се среде претседателска изборна кампања, а Русија штотуку гласала и е во фаза на пренос на власта.

Тој рече дека сегашната нестабилна политичка клима не е погодна за чувствителни преговори за ракетната одбрана и контрола на оружјето.

Републиканците, кои сакаат повторно да ја преземат Белата куќа од Обама, демократ, во ноември, имаат кажано дека не сакаат да прават никакви отстапки на Русија во разговорите за оружје.

Русија се противи на плановите на Обама за систем за ракетна одбрана во Европа, идеја првично предложена од претседателот Џорџ В. Буш и модифицирана од Обама за да ја зема предвид загриженоста на Русија.

XS
SM
MD
LG