Линкови за пристапност

Претседателот на САД се огласи по случајот на убиениот тинејџер во Флорида


Американскиот претседател Барак Обама вели дека убиството на невооружен тинејџер е трагедија, додека повиците за апсење на лицето што пукало, коe тврди дека постапилo во самоодбрана, се интензивираат.

Претседателот во Белата куќа кажа дека треба да зборува внимателно, зашто е во тек федерална истрага за убиството на 17-годишниот Трејвон Мартин.

Мартин беше убиен од припадник на безбедносна патрола во населбата. Адвокатот на семејството на тинејџерот вели дека девојката на Мартин зборувала со него моменти пред да биде убиен, на мобилен телефон. Семејството вели дека тој бил цел затоа што бил црн.

Претседателот Обама кажа дека „сите ние треба пребараме во душата“ да видиме како се случил таков инцидент, и да ги преиспитаме законите во контекст и во спецификите на инцидентот.

„Но мојата порака е до родителите на Трејвон Мартин. Знаете дека ако јас имав син, тој би личел како Трејвон, и мислам дека тие се во право да очекуваат дека сите ние како Американци ќе го земеме ова со сета сериозност што ја заслужува и ние ќе дојдеме до дното на тоа што навистина се случило“, кажа претседателот Барак Обама во петокот во Белата куќа по повод инцидентот што ја возбуди јавноста и државните органи во САД.

XS
SM
MD
LG