Говорот на Обама во вторник во градот Осавотоми во Канзас беше со намера да биде ехо на историското обраќање што таму го имал претседателот Теодор Рузвелт пред околу 100 години.
Обама повика на средната класа Американци да и` биде даден делот што го заслужува, што е фер, велејќи дека САД треба да биде држава каде работниот народ може да подигне семејство, да има дом, и обезбедена пензија.
Тој кажа дека економската нееднаквост им штети на сите и ја искривува демократијата со тоа што им се дава преголем глас на оние кои можат да даваат неограничени придонеси на кампања и можат да си дозволат високо-платени лобисти.