Линкови за пристапност

Рејтингот на Обама на најниско ниво


Рејтингот на Обама на најниско ниво
Рејтингот на Обама на најниско ниво

Истражување на јавното мислење изведено од Квинипек објавено во четврток го става незадоволството од работата на претседателот Обама на рекордни 52 проценти, со само 42 отсто од испитаниците кои ја одобруваат неговата работа.

Конгресните лидери котираат уште пониско според ова истражување.

Во меѓувреме, речиси две третини од анкетираните Американци во истражување што го направи CNN/ORC кажале дека не го одобруваат начинот на кој претседателот постапува во областа на економијата.

Истражувањето на CNN нашло дека 66 проценти од испитаниците не го одобруваат начинот на кој Обама се справува со федералниот дефицит, додека 62 проценти не се задоволни со неговото справување со невработеноста, што и натаму е над девет проценти на национално ниво.

Претседателот Обама добил повисоки оценки по прашања за надворешната политика, со мнозинството на анкетираните во поддршка на неговото справување со тероризмот како и со ситуацијата во Либија.

XS
SM
MD
LG