Линкови за пристапност

Обама ја започна кампањата за реизбор


Обама ја започна кампањата за реизбор
Обама ја започна кампањата за реизбор

Американскиот претседател ги собра поддржувачите во неговиот град Чикаго, во првиот јавен напор да собере пари за неговата кампања за реизбор во 2012.

Обама се појави на три одвоени настани кои се очекуваше да донесат два милиони долари за неговата кампања, што е само дел од една милијарда долари, колку што набљудувачите предвидуваат дека тој ќе собере пред ноемвриските избори. За неговата трка за Белата куќа во 2008 тој собра 750 милиони долари.

Претседателот презна пред симпатизерите дека е „малку побел во косата“ по речиси две ипол години на функцијата, но кажа дека е „подготвен да ја заврши работата“. Тој ги критикуваше републиканските буџетски предлози, што би скратиле трилиони долари од трошоците за неколку домашни програми, вклучувајќи ги оние кои обезбедуваат здравствана заштита за постарите и сиромашните Американци.

Обама кажа дека републиканскиот план ќе ги претвори САД во „држава со дупки на патиштата“ зашто ќе скрати инвестиции за круцијални јавни проекти како што се патиштата, мостовите и брзата железница. Претседателот во средата го објави својот план за намалување на државниот дефицит за четири трилиони, со задржување на програмите за здравствена заштита на постарите и сиромашните.

XS
SM
MD
LG