Линкови за пристапност

Обама не е оптимист за буџетските преговори


Обама не е оптимист за буџетските преговори
Обама не е оптимист за буџетските преговори

Американскиот претседател Барак Обама вели дека тој и врвните законодавци од двете политички партии направиле прогрес во преговорите за прекин на буџетскиот ќорсокак, но кажа дека тешки прашања остануваат да се решат само еден ден пред владата да остане без пари.

Обама на новинарите во четврток навечер им кажа дека не е подготвен да изрази „преголем оптимизам“ дека ќе има солуција пред владата да биде принудена да затвори. Тој не специфицираше кои прашања се` уште не се решени. Неговите забелешки дојдоа по средбата меѓу претседателот, лидерот на сенатското мнозинство Хари Рид и спикерот на Претставничкиот дом, републиканецот Џон Бенер.

Тоа беше нивна четврта средба за три дена и дел од постојани преговори чија цел е креирање на план за трошење до крајот на владината фискална година во септември. Доколку Конгресот не го усвои буџетот до полноќ во петок, најголем дел од владата ќе биде затворена.

Обама ги повтори забелешките дека затворањето ќе му наштети на опоравувањето на економијата на државата и рече дека би било „неприфатливо“ тоа да се случи, заради тоа што, како што рече, „Вашингтон не може да ја заврши работата“.

Републиканците и демократите не се согласуваат за тоа колку и каде да ги направат скратувањата на трошоците. Тие исто така се заглавени на неколку политички прашања што ги поддржуваат припадниците на „Ти Парти“, како што е забрана на владата да плаќа на оние кои обезбедуваат абортуси и ограничување на напорите на администрацијата да го регулира емитувањето на штетни гасови.

XS
SM
MD
LG