Линкови за пристапност

Обама официјално ја започна кампањата за реизбор


Обама официјално ја започна кампањата за реизбор
Обама официјално ја започна кампањата за реизбор

Американскиот претседател Барак Обама официјално ја лансираше кампањата за негов реизбор.

Во соопштението објавено во понеделник, Обама кажа дека ќе ги поднесе потребните документи до Федералната изборна комисија, што дозволува кампањата да почне да собира донации.

Тој кажа дека државата „се бори да го заштити напредокот“ што е направен, и ги повика поддржувачите да помогнат да се оформи кампања (со негови зборови) „поиновативна од било што до сега направено“.

Интернет страницата на кампањата на Обама исто така претставува поддржувачи кои зборуваат за тоа зошто го поддржуваат претседателот во неговиот обид да добие втор и последен четиригодишен мандат.

Обама треба да го одржи својот прв собир за собирање средства во Чикаго, на 14 април, со други што ќе уследат во Њујорк и Лос Анџелес.

Персоналот на неговата кампања кажа дека очекува да бидат собрани меѓу 750 милиони и една милијарда долари пред изборите во ноември 2012.

XS
SM
MD
LG