Линкови за пристапност

Обама ќе се обрати до нацијата за Либија


Обама ќе се обрати до нацијата за Либија
Обама ќе се обрати до нацијата за Либија

Американскиот претседател Барак Обама во понеделник навечер ќе му се обрати на американскиот народ во врска со ситуацијата во Либија, додека некои во Конгресот велат дека американските акции таму и нивните цели не се јасни.

Администрацијата на Обама ја бранеше одлуката воено да интервенира во Либија и да помогне да се спроведе заната на забрането летање авторизирана од ОН.

Американскиот секретар за одбрана Роберт Гејтс во недела кажа дека Либија не е „ од витален интерес“ за САД, но е дел од регион што е од витален интерес. Државната секретарка Хилари Клинтон кажа дека северно-африканската држава е од витален национален интерес за Британија, Франција, Италија и други сојузници во НАТО, како и за арапските партнери на САД.

Рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров во понеделник кажа дека коалиционите напади на силите лојални на либискиот лидер Моамар Гадафи не се санкционирани со резолуцијата на Советот за безбедност на ОН што авторизира употреба на „сите неопходни мерки“ за заштита на цивили во Либија. Лавров меѓународните акции ги нарече интервенција во граѓанска војна. Русија беше воздржана во гласањето по резолуцијата.

Исто така во понеделник, катарската државна новинска агенција цитираше претставник на Министерството за надворешни работи како вели дека државата го признала либискиот бунтовнички совет како единствен легитимен претставник на либискиот народ. Катар е првата арапска нација што официјално ја признала либиската опозиција и беше исто така прва арапска држава што се приклучи на мисијата за спроведување на зоната на забрането летање.

XS
SM
MD
LG