Линкови за пристапност

Обама: Судијата погрешил пресудувајќи неуставност на законот за здравство


Обама: Судијата погрешил пресудувајќи неуставност на законот за здравство
Обама: Судијата погрешил пресудувајќи неуставност на законот за здравство

Американскиот претседател Барак Обама вели дека судијата од Флорида не бил во право кога ја прогласил легислативата за здравствена заштита на претседателот неуставна.

Во интервју со коментаторот на Фокс Њуз, Бил О`Рајли, во неделата, Обама не навлезе во правење претпоставки за тоа што ќе стори доколку Врховниот суд ја потврди пресудата.

Претседателот забележа дека 12 судии пресудиле во корист на уставноста на законот, и Обама кажа дека не сака да ги мине следните две години водејќи ги истите битки од изминатите две години.

Обама ја отфрли карактеризацијата на весникот „Вол стрит џурнал“ дека е лево-ориентиран. Претседателот рече дека ги намалил даноците за време на првите две години од претседателствувањето и дека нема ништо „социјалистичко“ во неговиот закон за здравствена заштита.

Обама зборуваше во интервју во живо пренесувано во целата држава пред голема публика, во дел од програмата на Фокс телевизијата, која го покриваше шампионатот во американски професионален фудбал Супер Бол.

Американскиот лидер кажа дека најлош дел од неговата работа е што бил „во стаклено ѕвоно“ заради безбедносни грижи – што не бил во состојба да се ангажира во спонтана конверзација со обични луѓе, и што не може да оди „во продавница на аголот на улицата“.

Претседателот беше запрашан како реагира на луѓето кои велат дека го мразат. Обама одговори: „Луѓето кои не ве сакаат, не ве знаат“. Тој рече дека американскиот политички процес е напорен, така што секој што станува претседател треба да има „прилично дебела кожа“.

XS
SM
MD
LG