Линкови за пристапност

Расте рејтингот на претседателот Обама


Расте рејтингот на претседателот Обама
Расте рејтингот на претседателот Обама

Слично истражување во ноември по конгресните избори покажа дека 49 проценти од гласачите не ја одобруваат работата на претседателот.

Ново истражување на јавно мислење најде дека американските гласачи почнуваат попозитивно да гледаат на учинокот на претседателот Барак Обама.

Истражувањето објавено во четврток од Универзитетот Квинипиак покажа дека 48 проценти од гласачите ја одобруваат работата на претседателот, споредено со 44 проценти кои не ја одобруваат.

Истражувањето исто така најде дека Американците се речиси подеднакви поделени по прашањето дали претседателствувањето на Обама е успех или неуспех – 47 наспрема 45 проценти.

Анкетирани се над 1.600 регистрирани гласачи од 4 до 11 јануари. Маргината на грешка е плус-минус 2,4 проценти.

Помошник директорот на институтот, Питер Браун, вели дека рејтингот на Обама има нагорен тренд , иако рече дека не е јасно дали така ќе продолжи.

Истата институција направи вакво истражување веднаш по ноемвриските избори на половина на мандатот на претседателот кога се покажа дека речиси половина од американските гласачи (49 проценти) не го одобруваат работењето на претседателот.

Инаку, најголема поддршка Обама и натаму добива од истите демографски групи – жени,црнци, Јужноамериканци по потекло, и членови на Демократската партија. Мажи, белци, членови на Републиканската партија и независни гласачи и натаму не ја одобруваат неговата работа.

Друго истражување , објавено во средата, а изведено од Асошиејтед прес, исто така покажува поголем рејтинг на претседателот, 53 проценти од Американците го одобруваат начинот на кој претседателот ја врши својата работа и се` повеќе луѓе се уверени дека Обама и републиканските законодавци ќе можат да работат заедно.

XS
SM
MD
LG