Линкови за пристапност

Обама во ненајавена посета на Авганистан


Обама во ненајавена посета на Авганистан
Обама во ненајавена посета на Авганистан

Обама во земјата пристигна ненајавено доцна во петокот, неколку дена пред Белата куќа да ја објави долгоочекуваната ревизија на деветгодишниот конфликт.

При ненајавена мисија на воздухопловната база Баграм, во близина на Кабул, Обама се заблагодари на коалиционите трупи за нивната исклучителна служба во војната во Авганистан, како и за жртвите што ги прават далеку од дома за време на американската празнична сезона.

Обама во земјата пристигна ненајавено доцна во петокот, неколку дена пред Белата куќа да ја објави долгоочекуваната ревизија на деветгодишниот конфликт.

Лошото време ја натера Белата куќа да ги поништи плановите претседателот да се сретне лице-в-лице со авганистанскиот претседател Хамид Карзаи во Кабул. Наместо тоа, тој имаше телефонски разговор со Карзаи од базата, надвор од главниот град.

Обама на ранети војници во баграмската болница им даде престижни медали „виолетово срце“.

На оваа куса посета претседателот се сретна и со највисоки цивилни и армиски советници во регионот.

XS
SM
MD
LG