Линкови за пристапност

Обама на кампања во Калифорнија и Невада


Обама на кампања во Калифорнија и Невада
Обама на кампања во Калифорнија и Невада

Претседателот е на средината од четиридневната кампања што има за цел да го промени исходот од очекуваниот бран на републикански изборни победи на 2 ноември што демократите може да ги чини губење на контролата во Конгресот на САД.

Американскиот претседател Барак Обама во петок ќе води кампања за двајца клучни демократи во Сенатот кои се соочени со силни предизвици од републиканските противници во овогодишните избори на половина на мандатот на Конгресот.

Обама ќе биде на собир за калифорниската сенаторка Барбара Боксер во Лос Анџелес, пред да одлета за Лас Вегас, Невада, за настан врзан со кампањата за лидерот на сенатското мнозинство Хари Рид.

Анкетите на јавно мислење покажуваат сосема мало водство на Боксер пред Карли Фиорина, поранешен раководител на технолошкиот гигант Хјулит-Пакард, додека Рид е во статистички мртва трка со поранешниот државен законодавец Шарон Енгл, која е силно поддржана од конзервативното движење „Tea Party“.

Претседателот е на средина од четиридневната кампања што има за цел да го промени исходот од очекуваниот бран на републикански изборни победи на 2 ноември што демократите може да ги чини губење на контролата во Конгресот на САД.

XS
SM
MD
LG