Линкови за пристапност

Обама го повикува Конгресот за помош на малите бизниси во САД


Oд Белата куќа во понеделникот, Обама истакна дека републиканците треба да престанат со мерката да ја држат како „заложник“ во партиските битки

Американскиот претседател Барак Обама го повикува Конгресот да усвои мерка за доделување помош за малите бизниси во САД, што би креирало најголем број нови работни места.

За време на говорот во Белата куќа во понеделникот, Обама истакна дека републиканците треба да престанат со мерката да ја држат како „заложник“ во партиските битки.

Мерката би значела и дополнитени даночни олеснувања и побезболно одобрување на заеми за малите бизниси.

Економските проблеми во САД се главно прашање за време на конгресните избори во ноември, а републиканците се надеваат дека ќе го преземат мнозинството од демократите.

Во понеделникот пристигнаа и одредени поволни вести за американската економија. Во извештај на Одделот за трговија се вели дека за месец јули е забележан пораст во малопродажбата.

XS
SM
MD
LG