Напаѓачот којшто уби двајца њујоршки полицајци е со историјат на насилство и ментални болести, според поливиски извори.
28-годишниот Исмаил Бринсли ги застрелал полицајците Венџијан Лу и Рафаел Рамос додека седеле во патролен автомобил саботата во Бруклин. Тој потоа избегал во метро-станица во непосредна близина и се самоубил.
Непосредно пред убиствата, Бринсли објавил пораки против владата и полицијата на Инстаграм и алудирал дека ќе се одмазди за смртта на Мајкл Браун и Ерик Гарнер, обајцата Афроамериканци, коишто го загубија животот во две одвоени полициски интервенции, а нивните случаи предизвикаа протести ширум земјата. Веста за убиствата дојде во време на зголемена напнатост во Њујорк и ширум САД по одлуките на големите пороти да не покренат обвинувања против полицајците - белци коишто интеревнираа во овие слуачи.
Бринсли е Афроамериканец, а убиените полицајци се со азиско и латиноамериканско потекло. Според полицијата, Бринсли подолго време пател од ментални болести и повеќепати се обидел да се самоубие. Шефот на полициските детективи во Њујорк, Роберт Бојс, соопшти дека според семејството на Бринсли, тој имал тешко детство и напати насилно реагирал. Неговата мајка кажа дека иако е од муслиманско семејство, тој на ниту еден начин не бил радикализиран. Според Бојс, во доесието на Бринсли се наведени преку 20 апсења од различни причини, од ситен криминал, па се` до закани. Неколку часови пред убиствата во Њујорк, Бринсли ја застрелал и ранил својата девојка во Балтимор.