Линкови за пристапност

Финансиските скандали и довербата на инвеститорите


Финансиските скандали ја поткопаа довербата на инвеститорите
please wait

No media source currently available

0:00 0:02:03 0:00
Direct link

Финансиските скандали ја поткопаа довербата на инвеститорите

Американскиот Конгрес води истрага за евентуалната улога владините регулатори во банкарскиот скандал со манипулација на клучните глобални каматни стапки.

Британската влада минатиот месец започна со распити за Лондонската меѓубанкарска каматна стапка - ЛИБОР. Банката Барклејс, една од 18-те вклучени во формирањето на многу глобални каматни стапки, плати казна од преку 450 милиони долари за местењето на клучната стапка - најчестиот ориентир за каматите на кус рок. Финансиските аналитичари наведуваат дека манипулацијата исцедила трилиони долари од глобалната трговија.

Финансиската инспекторка Хилари Кремер коментира дека скандалите како ЛИБОР, лажната инвестициона мрежа на финансиерот Берни Медоф, како и финансиската криза во 2008-ма ја погодиле инвестиционата доверба во системот:

„Скандалите, како што стануваат глобални и вклучуваат големи банки, нудат бројни примери на индиректни или директни измами на штета на инвеститорите“.

Банката Барклејз призна дека згрешила, но вели дека регулаторите на Банката на Англија и њујоршката Банка на федералните резерви ги одобриле нејзините каматни стапки.

Економистот Питер Кардило смета дека финансиските скандали се случуваат најмногу поради несоодветна примена на регулативите:

„Се чини дека е полесно за голема институција да го сокрие неправилното работење отколку поединец. Понекогаш моќните институции со многу пари навидум се во ситуација да го победат системот“

Многумина жители на ова соседство во Бруклин, Њујорк, се жалат дека загубиле пари и работа поради корупцијата во финансискиот систем.

Пензионерот Вирџил Хагинс се сомнева дека и некои регулатори се вмешани во нечесниот бизнис:

„Се` се купува со пари, дури и лојалноста и интегритетот на регулирањето. Сметам дека системот кој треба да ги проверува финансиските инситуции мора да биде поефикасен и да не западне под нивно влијание“.

Конгресот отвори истрага за тоа дали регулаторите имале улога во скандалот ЛИБОР.
XS
SM
MD
LG