Линкови за пристапност

Осомничениот за нападот во Њујорк обвинет за тероризам


Акајед Улах, кој беше повреден при експлозијата, заедно со уште двајца други, се соочува со можен доживотен затвор

Федералните обвинители на САД, изјавија дека имигрантот од Бангладеш е обвинет за тероризам, откако наводно детонирал бомба во тунел на подземната железница во Њујорк.

Според властите, нападот бил организиран од Исламската држава.

Акајед Улах, кој беше повреден при експлозијата, заедно со уште двајца други, се соочува со можен доживотен затвор, ако тоа биде докажано.

Во меѓувреме, властите на Бангладеш го испитуваат животот на Улах. Се` уште нема информации за тоа што открила истрагата.

Facebook Forum

XS
SM
MD
LG