Линкови за пристапност

Отворен Музејот 11-ти септември


Меморијалната градба е речиси целосно под земја, лоцирана на местото каде некогаш стоеше Светскиот трговски центар

Претседателот Барак Обама го посвети новиот музеј во Њујорк, кој потсетува на ужасот на терористичките напади на САД од 11 септември 2001-ва, во кои беа убиени речиси 3.000 луѓе.

Американскиот лидер во четврток потсети на хероизмот на спасувачите кои помогнаа да се спасат илјадници луѓе заробени во двете кули на Светскиот трговски центар откако припадници на ал-Каида урнаа патнички авиони во облакодерите.

Семејствата на жртвите и спасувачките работници се собраа за посветување на Националниот меморијален музеј за 11 септември, лоциран на местото каде некогаш стоеше Светскиот трговски центар.

Музејот и меморијалниот плоштад, за кои се потрошени 700 милиони долари, треба да бидат отворени за јавноста следната недела, по изградбата што траеше со години. Завршувањето беше комплицирано со несогласување заради дизајнот, градежни одлагања и се` уште постоечката дилема – дали неидентификуваните остатоци на некои од жртвите треба да бидат закопани во длабочината на новата градба или над земјата.

Поранешниот градоначалник на Њујорк, Мајкл Блумберг, вели дека проектот има големо значење за посетителите.

Музејот е речиси целосно под земја, дури до темелите и челикот што го држел Светскиот трговски центар. Масивни парчиња на извиткан челик најден по несреќата се изложени, исто како и 10.000 артифакти од нападите и после нив. Има слики на убиените, рачно напишана молба за спасување и гласови на луѓе од цел свет кои се сеќаваат каде биле кога слушнале за нападите и гледале за денот на ужас на телефизијата.

Филм, „Подемот на ал-Каида“, може да биде виден на крајот на изложбата.

При влегување и излегување на музејот, посетителите можат да видат преку стаклото на таванот нова кула, Светски трговски центар Еден, што треба да биде отворен доцна годинава.

Кога беше нападнат Светскиот трговски центар, грабнувачите на ал-Каида исто така урнаа авиони во Пентагон, во околината на Вашингтон, а друг авион, за кој се верува дека бил упатен кон Вашингтон, се урнал во Пенсилванија.
XS
SM
MD
LG