Линкови за пристапност

Кенијци победија на Њујоршкиот маратон


Најмасовниот маратон по бомбашкиот напад на Бостонскиот маратон во април, со 50 илјади учесници и илјадници гледачисе одржа среде засилено обезбедување.

Кениските атлетичари победија и во машка и во женска дивизија на Маратонот на Њујорк, кој се одржа во неделата, по една година пауза, со зајакнато обезбедување, вклучувајќи и кучиња за откривање бомби.

Трката во 2012 беше откажана заради уништувањето предизвикано од Суперневремето Сенди, и ова беше најмасовниот маратон по фаталното бомбардирање на Бостонскиот маратон во април.

Близу 50 илјади тркачи од околу 115 држави учествуваа на трката долга 42 километри.

Кениецот Џефри Мутаи успешно ја одбрани титулата на ветровити временски услови, минувајќи ја линијата на целта по два часа, осум минути и 24 секунди. Тоа беше за 52 секунди побрзо време од второпласираниот Тсегаје Кебеде од Етиопија. Јужноафриканецот Лусафо Април беше трет.

Во женска дивизија победи ослимписката добитничка на сребрен медал во 2012-та, Приска Џепто, со време 2:25:07.
XS
SM
MD
LG