Линкови за пристапност

Главниот правобранител на Њујорк обвинет за насилство врз жени за време на секс


Ерик Шнајдермен ги негираше обвинувањата и даде оставка кусо по нив

Главниот правобранител на сојузната држава Њујорк Ерик Шнајдермен даде оставка, откако вчера четири жени го обвинија за физичко насилство.

Демократот Шнајдермен е на оваа функција од 2010-та година, а се кандидираше и за следните избори.

Магазинот „Њујоркер“ објави извештај со обвиенија на четири жени, кои велат дека Шнајдермен, без нивна согласност, физички ги злоупотребил за време на секс.

Шнајдермен, кусо по обвинувањата, негираше дека злоупотребил кого било, и оти немал секс без согласност.

Тој беше гласен поддржувач на движењето #MeToo против секусуална злоупотреба, вклучувајќи судски процес против продуцентот Харви Вајнстин, обвинет за злоупотреба на многу жени.

Facebook Forum

XS
SM
MD
LG