Линкови за пристапност

Вратени 22-те обвиненија против Саипов - напаѓачот од Њујорк


Американската федерална порота ги врати обвиненијата по 22 основи против Сајфуло Саипов, обвинет за терористичкиот напад во Њујорк. Тој со изнајмен камион влета во велосипедска патека, при што загинаа осум лица, а без повредени десетина.

Саипов е обвинет по 8 основи за убиство, 12 за обид за убиство, за обезбедување и обид да обезбеди материјална помош за радикалната организација Исламска држава и за насилство и уништување на моторно возило, што резултирало со жртви.

Обвинетиот, по потекло од Узбекистан беше хоспитализиран откако по нападот беше застрелан од полицијата.

Исламската држава ја презеде одговорноста за нападот, што важи за најсмртоносен од оној на 11-ти септември 2001-та, наваму.

Facebook Forum

XS
SM
MD
LG