Линкови за пристапност

Можен конфликт на протестантите на Вол Стрит со властите


Можен конфликт на протестантите на Вол Стрит со властите
Можен конфликт на протестантите на Вол Стрит со властите

Демонстрантите на протестното движење Окупирајте го Вол Стрит имаат рок утринава да го напуштат местото на протестот – парк во приватна сопственост во близина на градскиот финансиски дистрикт, што може да создаде потенцијал за судир со властите.

Компанијата што го има во сопственост Паркот Зукати, кој е отворен за јавност 24 часа на ден, вели дека областа станала валкана и требало да биде исчистена. Компанијата вели дека протестантите ќе можат да се вратат, но дека не ќе бидат во можност да кампираат на местото дење и ноќе.

Протестантите презедоа акција за чистење во четвртокот со цел да ја убеди компанијата да ја промени одлуката, но тие инсистирааат дека ќе го игнорираат ултиматумот. Компанијата вели дека ќе побара од полицијата да ги уапси демонстрантите доколку не си заминат.

Движењето Окупирајте го Вол Стрит започна со протестите на 17 септември од мала група активисти што ја обвинуваат корпоративна Америка за поттикнување на економската поделба богатите и сиромашните и оние од средната класа.

XS
SM
MD
LG