Линкови за пристапност

Тепачка по Нутела во Франција


Во некои продавници, вклучително и во Острикорт во северна Франција, полицијата морала да интервенира

Купувачите на намирници во Франција „полудеа“ кога синџир на супермаркети го намали бројот на тегли „Нутела“.

Настанала вистинска трка по неа, кога продавниците на „Интермаркет“ го понудиле попустот од 70 проценти.

„Луѓето беа како животни. Една жена искубала за коса друга жена, една постара дама зеде кутија и ја стави на главата, а другата пак имаше крвава рака“, изјави очевидец.

На видеата објавени на социјалните медиуми, може да се забележи како огромна толпа на луѓе се собираат околу палетите на Нутела и грабаат толку многу тегли, колку што можат да носат.

Во некои продавници, вклучително и во Острикорт во северна Франција, полицијата морала да интервенира.

Во Ла Хорме, еден вработен изјавил дека видел посетиел со модро око. „Се обидувавме да ја доведеме состојбата во ред меѓу клиентите, но тие нè туркаа“, рече тој.

Франција е втор најголем потрошувач на Нутела, со конзимирање на 100 милиони тегли годишно, веднаш зад Германија.

Facebook Forum

XS
SM
MD
LG