Линкови за пристапност

Нула нови случаи во Нов Зеланд и во Тајланд


Нов Зеланд и Тајланд не пријавија нови случаи на коронавирус во средата во исто време додека се повеќе влади се подготвуваат да ги олабават мерките.

Во изминатите две недели Нов Зеланд имаше четири дена без нови случаи со што покажа дека строгите наредби за седење дома кои траеја еден месец имаа успех.

Таму четврток ќе го донесе најновиот чекор за враќање во нормала кога најголем дел од продавниците и рестораните ќе бидат отворени, но со правила за социјално дистанцирање.

Тајланд за прв пат од почетокот на март има нула нови случаи. Владата ги советува граѓаните да продолжат да носат маски кога излегуваат во јавност, а в петок ќе одлучи дали ќе има дополнително олабавување на мерките како отворање на трговските центри.

XS
SM
MD
LG