Линкови за пристапност

Хаг: Нови стандарди за нуклеарна безбедност


Вкупно 35 држави ветија дека меѓународните упатства за нуклеарна безбедност ќе ги претворат во национални закони

Вкупно 35 држави ветија дека меѓународните упатства за нуклеарна безбедност ќе ги претворат во национални закони, потпишувајќи ја иницијативата на нуклеарниот самит во Хаг, Холандија.

Иницијативата што ја поднесоа Холандија, САД и Јужна Кореја, исто така бара земјите учеснички да ги отворат своите безбедносни процедури за независна ревизија.

Обврзаните држави ги вклучуваат Британија, Франција, Германија, Израел, Јапонија, Јужна Кореја и Турција, како дополнение на трите држави кои го промовираат договорот. Но аналитичарите велат дека повеќе држави треба да бидат инволвирани.
XS
SM
MD
LG