Дводневниот нуклеарен самит во Вашингтон завршува во вторник со фокус на спречување на терористите да дојдат до нуклеарни материјали.
Четириесет и седумте држави на самитот чиј домаќин е американскиот претседател Барак Обама, планираат да издадат заедничка декларација во која нациите ветуваат дека ќе ги обезбедат нуклеарните материјали во текот на следните четири години.
Стручњаците велат дека има доволно високо збогатен нуклеарен материјал во светот да се направат најмалку 120 илјади парчиња нуклеарно оружје и изразуваат загриженост дека дел од тој материјал би можел да падне во раце на терористи.
Иран, Северна Кореја и Сирија, многу критикувани од Запад заради нивните осомничени нуклеарни програми, не беа поканети на самитот.