Светските лидери се собираат во Вашингтон за меѓународниот нуклеарен самит на кој ќе се расправа за развивање глобална стратегија за држење на нуклеарното оружје надвор од рацете на терористи.
Американскиот претседател Барак Обама, кој ќе го отвори дводневниот состанок во понеделник навечер, вели дека терористите кои дошле до нуклеарни материјали би биле „најголемата закана“ за американската безбедност.
Обама на новинарите во недела им кажа дека терористичките организации како ал-Каида се обидуваат да обезбедат нуклеарно оружје, и ако успеат тоа би значело промена на безбедносната ситуација во годините што следат. Тој рече дека терористите нема да се двоумат да го употребат тоа оружје.
Обама се надева да привлече други држави да помогнат да се осигураат необезбедените нуклеарни материјали – предмети што може да наштетат ако паднат во раце на терористи – во рок од четири години.
Северна Кореја, Иран и Сирија, многу критикувани од западот заради сомневањето дека имаат нуклеарна агенда, не беа поканети на самитот.
Претседателот имаше билатерални средби со неколку од самитските учесници.
Во неделата тој одвоено се сретна со лидерите на соперниците Индија и Пакистан, како и со лидерите на Казахстан и Јужна Африка, двете држави за кои кажа дека помогнале во напорите да се отежне ширењето на нуклеарно оружје.
Во понеделник Обама има планирано билатерални средби со Јордан, Малезија, Ерменија и Кина.
Светските лидери се собираат во Вашингтон за меѓународниот нуклеарен самит на кој ќе се расправа за развивање глобална стратегија за држење на нуклеарното оружје надвор од рацете на терористи