Линкови за пристапност

Самит во Вашингтон за нуклеарниот тероризам


Самит во Вашингтон за нуклеарниот тероризам
Самит во Вашингтон за нуклеарниот тероризам

Како да се обезбедат нуклеарните резерви од терористи - е тема на Самитот за глобална безбедност.

Како да се обезбедат нуклеарните резерви од терористи? Тоа ќе биде фокус на Самитот за глобална безбедност.

Претседателот Барак Обама ја лансираше идејата за ваков самит минатата година. Својата визија тој ја изнесе во Прага. Тогаш кажа: „Најавувам нов меѓународен напор за обезбедување на сите чувствителни нуклеарни материјали во светот во рок од четири години. Ќе поставиме нови стандарди, ќе ја прошириме нашата соработка со Русија и ќе воспоставиме нови партнерства да ги заштитиме овие материјали.“

На конференцијата ќе се дискутира за групи како ал-Каида и како да се спречи нивниот пристап до нуклеарни материјали за бомби.

Александра Тома е од групата Конект ЈуЕс Фонд. Таа вели дека опасноста е реална:

„Тоа е закана број еден за американското општество денес. Видовме две дво-партиски комисии како во јануари кажаа дека ал-Каида се обидува да дојде до нуклеарно оружје од 1900те и дека активно продолжуваат во таа насока.“

Конференцијата се очекува да разгледа можности за подобрување на обезбедувањето за нуклеарните материјали во светот и проширување на меѓународната соработка.

Но стручњаците велат дека никој не знае колкави се светските резерви на нуклеарни материјали зашто не сите држави известуваат за тоа што произведуваат.

Кен Лонго раководи со истражувачката организација Партнерство за глобална безбедност. Тој вели дека за време на студената војна „САД и Русија произведуваа за воени цели. Тие никому не кажуваа колку произведуваат. Пакистанците и Индијците сега се многу тајновити за тоа колку од овој материјал произведуваат. Не знаеме ни што прават Израелците на овој план“. Лонго вели – едноставно нема веродостојни податоци.

Аналитичарите велат дека главната цел е учесниците на самитот да се согласат дека заканата постои, но некои очекуваат и план за акција, особено што самитот се случува по средбата Обама – Медведев што испраќа позитивен сигнал.

XS
SM
MD
LG