Линкови за пристапност

САД ќе објават нова нуклеарна стратегија


САД ќе објават нова нуклеарна стратегија
САД ќе објават нова нуклеарна стратегија

Во интервју за понеделничкото издание на Њујорк Тајмс, Обама рече дека неговата нова политика ќе биде дел од пошироките напори во правец на свет без нуклеарно оружје

Американскиот претседател Барак Обама се очекува да најави нова нуклеарна стратегија што ќе ги стесни условите под кои САД можат да користат нуклеарно оружје.

Американскиот Конгрес бара од секоја нова администрација да објави план под кој би користела нукеларно оружје.

Во интервју за понеделничкото издание на Њујорк Тајмс, Обама рече дека неговата нова политика ќе биде дел од пошироките напори во правец на свет без нуклеарно оружје.

Весникот наведе дека во новата политика за прв пат експлицитно ќе биде кажано дека САД нема да користат нуклеарно оружје против држави што немаат нуклеарен арсенал, согласно Договорот за неширење на нукеларното оружје. Но тој исто така кажа дека исклучоци би биле направени во однос на Иран и Северна Кореја, кои го прекршија или отфрлија меѓународниот договор.

XS
SM
MD
LG