Линкови за пристапност

Обама: Ризикот од нуклеарен напад е зголемен

Американскиот претседател Барак Обама вели дека ризикот од нуклеарен напад е зголемен со интересот на терористите да дојдат до нуклеарни материјали

Американскиот претседател Барак Обама вели дека ризикот од нуклеарен напад е зголемен со интересот на терористите да дојдат до нуклеарни материјали.

Зборувајќи во вторник на последниот ден од дводневниот нуклеарен самит, претседателот кажа дека иако заканата од нуклеарна војна меѓу државите е намалена, терористички групи како ал-Каида сакаат да дојдат до нуклеарни материјали.

Обама кажа дека новата нуклеарна закана со која се соочува светот по Студената војна е „сурова иронија на историјата“. Тој предупреди дека светските лидери мора сега да реагираат, а не само да зборуваат за обезбедување на нуклеарни материјали.

Претседателот исто така соопшти дека Јужна Кореја ќе биде домаќин на следниот нуклеарен самит за две години.

This item is part of
XS
SM
MD
LG