Швајцарија го суспендирала процесот на давање одобрение за три нуклеарни централи за да бидат прегледани безбедносните стандарди.
Опозиционите политичари во Германија ја повикуваат владата да ја преразгледа одлуката за продолжување на оперирање на нуклеарните централи, и можеби да затвори некои од постарите објекти.
Австралискиот премиер Џулија Гилард вели дека нејзината држава има многу други алтернативни извори на енергија и дека не и` требаат нуклеарни централи.
Претставници на Европската унија за вторник свикаа координативна средба на министрите за енергија на унијата, претставници на национална нуклеарна безбедност, како и компании кои продаваат и оперираат нуклеарни централи да ја проценат ситуацијата во Јапонија. Тие исто така треба да преиспитаат колку добро нивните централи можат да поднесат земјотреси, со посебен фокус на разладните системи.