Линкови за пристапност

Втора рунда разговори за Иран – во Москва


Шесте светски сили кои разговараа со Иран за иранската нуклеарна програма во Багдад во четврток се договорија да одржат друга рунда преговори во Москва следниот месец.

Шефот за надворешна политика на ЕУ Кетрин Аштон соопштението го даде по дводневната средба која, според неа, донела заедничка основа и покрај преостанатите разлики. Таа кажа дека разговорите во Москва ќе се случат на 18 и 19 јуни.

Аштон имаше билатерална средба со главниот преговарач на Иран Саед Џалили порано во денот.

Тема на разговорите беше програмата на Иран за збогатување на ураниум до 20 проценти чистота.

Западните сили сакаат таа активност да запре стравувајќи дека Иран брзо може да го унапреди тој ураниум на 90-процентна чистота, што е потребна за нуклеарно оружје.

XS
SM
MD
LG