Властите го именуваа сопругот на Натали Вуд, актерот Роберт Вагнер како „личност од интерес“ во врска со истрагата за неразјаснетите околности за смртта на Вуд во 1981-та година.
Официјален претставник од канцеларијата на шерифот во округот Лос Анџелес, во интервју за телевизијата CBS-TV изјавил дека Вагнер бил последната личност кој бил со Натали пред да исчезне и дека „неговата верзија на настаните едноставно не се совпаѓа“.
Детективите велат дека 87-годишниот Вагнер не е осомничен, туку само личност од интерес, што значи дека можеби има повеќе информации што допрва треба да се откријат. Тој отсекогаш ја негираше одговорноста за смртта на неговата сопруга.
Телото на Вуд беше пронајдено во вода, во близина на островот Санта Каталина во утринските часови по забавата на јахта на која присуствувале Вагнер, актерот Кристофер Вокен и капетанот на бродот.
Facebook Forum