Линкови за пристапност

Германски претставници дојдени на разговор за шпионирање


Средбата на високи делегации од двете држави се одржува во Белата куќа

Клучни германски и американски претставници на националната безбедност во среда се среќаваат во Вашингтон во врска со наводите дека американски шпиони го прислушкувале мобилниот телефон на германската канцеларка Ангела Меркел.

Германската делегација го вклучува разузнавачкиот координатор на Меркел, Гунтер Хеис. Тие требаше да се сретнат во Белата куќа со американскиот шеф на разузнавање Џејмс Клапер, советничката на национална безбедност Сузан Рајс и други претставници.

Вашингтон вели дека не ги слуша разговорите на Меркел и дека тоа нема да го прави во иднина, но не одвара дали тоа било правено во минатото, можеби уште во 2002-ра, три години пред да стане германски лидер. Канцеларката Меркел изрази личен протест за американското шпионирање во повик минатата недела до претседателот Барак Обама, велејќи дека тоа пријатели не го прават.

Сега, Берлин сака со САД, заедно со Франција, да се согласат до крајот на годината на „нешпионирање“ меѓу сојузниците.
XS
SM
MD
LG