Водечки американски весник вели дека американскиот претседател Барак Обама пет години не знаел дека неговите шпиони ги прислушкуваат телефоните на светските лидери, вклучувајќи ја германската канцеларка Ангела Меркел, и дека таа програма сега завршила.
„Вол Стрит Џурнал“ во напис од понеделник цитирајќи ананимни американски претставници, вели дека претседателот Обама разбрал за шпионирањето откако наредил внатрешна ревизија пред неколку месеци.
Весникот тврди дека ревизијата открила дека американската Агенција за национална безбедност прислушкувала 35 светски лидери и дека агенцијата (НСА) прекинала најголем дел од програмата откако Белата куќа станала свесна за операцијата.
Официјалните лица велат дека НСА имала толку многу операции во тек што не би било практично претседателот да биде брифиран за сите нив.
Сепак, германскиот весник „Билд ам Сонтаг“ цитирал неименуван претставник на НСА како рекол дека претседателот Обама примил брифинг од НСА во 2010, информирајќи го дека американски шпиони ги монитореле комуникациите на канцеларката Меркел на мобилен телефон.
НСА од тогаш негираше дека претседателот воопшто дискутирал за наводните операции што ја инволвираат канцеларката Меркел.
Поранешниот соработник на НСА Едвард Сноуден порано годинава протече документи за големо американско шпионирање на пребарувања на Интернет и телефонски комуникации на американски граѓани и светски лидери. Откритието предизвика глобални негативни реакции.
Германија работи со Бразил на нацрт-резолуција на Генералното собрание на ОН за гарантирање на приватноста во електронските комуникации.