Неодамнешното откритие за тоа како американската Национална агенција за безбедност собира информации за тајни шпионски програми може да ги натера американските разузнавачки агенции да ги преиспитаат нивните начини на собирање податоци и кој има пристап до нив.
Директорот на Херитиџ фондацијата за надворешна политика Стивен Бучи вели дека секогаш кога има протек на информација или нарушување на чувствителни разузнавачки информации, тоа предизвикува комплетно преиспитување на целиот процес.
Тој за програмата на Гласот на Америка кажа дека е убеден оти таков ќе биде одговорот по протечената информација од поранешниот соработник на националната безбедносна организација НСА, Едвард Сноуден.
„Не е тоа драконска мерка во смисла `ајде да видиме кои глави ќе паднат`, туку бирократска постапка на разгледување на правилата за да видиме што ќе направиме, кажа Бучи.
„Целта е да се открие каде била грешката и да се спречи тоа повторно да се случи“, рече тој.
Разузнавачки претставници и некои членови на Конгресот кажаа дека Сноуден ја ставил во ризик Америка кога ги објавил информациите за програмите на собирање информации на весниците Вашингтон пост и Гардијан.
Во тоа време Сноуден бил вработен како технолошки стручњак за Буз Ален Хамилтон, приватна фирма која работи за НСА.
Руди де Леон е потпретседател за национална безбедност во Центарот за американски напредок и поранешен заменик секретар за одбрана.
Тој кажа дека акциите на Сноуден најверојатно ќе ги натераат владините агенции и договорни соработници да преиспитаат кој има пристап кон што.
Де Леон рече дека САД имаат механизми за надзор и балансирање на моќта за да се обезбеди владините програми за следење кои се дизајнирани за оневозможување терористи, да не ги нарушуваат правата и приватноста на обичните Американци.
Тој кажа дека истажителите би сакале да знаат што го натерало Сноуден да ги погази овие мерки.
„Мислам дека секогаш кога поединец е во позиција на доверба, тој мисли дека е поважен од судството или законодавството или извршната гранка во смисла на правење на овие одлуки и мислам дека тој поединец треба да се испрашува во смисла на извршување на должностите кои се обврзал дека ќе ги врши кога влегол на работа за оваа организација со потпишување на договорот.“
Актот на Сноуден предизвика и распит на Капитол Хил.
Во Претставничкиот дом, конгресменот Дач Руперсбергер повика на промени во начинот на кој вработените кои имаат пристап до чувствителни организации се набљудувани.
„Треба да ги смениме нашите системи и пракса и да примениме најнова технологија што ќе сигнализира на надредените кога вработен ќе сака да преземе или отстрани ваков тип на информации. Мора да го затвориме тој јаз во системот“, рече тој.
Де Леон кажа дека кога се работи за улогата на американската влада во балансирање на потребата да се заштитат граѓаните и потребата да се почитуваат нивните права и приватност, клатното постојано се движи.“
Тој кажа дека Американците очекуваат владата да најде начин за балансирање на тие вашни приоритети.
Бучи вели дека стравува оти реакцијата на јавноста против овие програми за собирање информации ќе ги натераат безбедносните агенции премногу да се повлечат, за што тој вели дека може да ги направи САД поранливи на долга патека.