Линкови за пристапност

Програмите на НСА помогнале во осуетување на педесетина напади


Шефот на агенцијата обелодени два случаи, а другите ќе ги изнесе на затворена седница во среда.

Директорот на Националната агенција за безбедност (НСА) Кит Александер вели дека шпионските програми на агенцијата помогнале да се спречат над 50 терористички напади од 11 септември 2001-ва наваму.

Тој кажа дека неодамна откриените програми за собирање податоци на телефонски разговори на американски граѓани и следење на користењето на Интернет сервери во САД на странци со можни терористички врски „се критични за заштита на нашата држава.“

Генералот Александер на конгресна конгресна комисија изнесе два случаи за кои вели дека програмите помогнале. Еден заговор од Јемен за бомбашки напад на Берзата во Њујорк и друг што инволвира финансирање за терористичка трупа со седиште во Сомалија.

Тој кажа дека на комисијата ќе и` ги даде документите за останатиот дел на случаите во среда, на затворена седница.

Заменик-генералниот правобранител Џејмс Кол исто така сведочел дека имало неколку проверки за злоупотреба во програмите за следење, и дека тие имаат надзор од сите три гранки на владата.
XS
SM
MD
LG