Линкови за пристапност

Полицаец меѓу повредените во инцидентот близу Вашингтон


Едно лице е приведено во престрелката пред Националната агенција за безбедност

Три лица се повредени во близина на Националната агенција за безбедност близу Вашингтон, во сојузната држава Мериленд, соопшти полицијата.

Според локалните медиуми, притворен е еден осомничен во близина на Агенцијата Форт Мид.

Во околината можело да се види црно спортско возило коешто удрило во бетонска преграда. На еден од прозорците на автомобилот имало остатоци од испукани куршуми, а се активирале и воздушните перничиња.

Од Агенцијата подоцна соопштија дека ситуацијата е под контрола.

Сообраќајот во околината е блокиран, а во моментов нема други детали.

Американскиот претседател Доналд Трамп бил брифиран за инцидентот, а во соопштението од Белата куќа се вели: „Нашите мисли и молитви се со сите погодени од овој акт“.

Facebook Forum

XS
SM
MD
LG