Линкови за пристапност

Новиот шеф на Уставниот суд уверува дека ќе работи независно од политички влијанија


Костадиновски уверува дека Уставен суд ќе работи професионално
please wait

No media source currently available

0:00 0:01:11 0:00

Костадиновски уверува дека Уставен суд ќе работи професионално

„Секој е должен да го почитува Уставот. Што е уставно, а што не е не кажува претседателот на судот, туку судот со мнозинство гласови“ - е одговорот на новиот претседател на Уставниот суд на прашањето што мисли за одбивањето на претседателката на државата Гордана Сиљановска-Давкова да го изговара уставното име Република Северна Македонија.

Дарко Костадиновски, кој од минатата седмица ја презеде функцијата, уверува дека должноста ќе ја извршува без какви било политички или други притисоци.

Еден од приоритеите ќе му биде враќање на довербата на граѓаните во правната држава.

„Довербата на граѓаните во институциите на системот и во правната држава е на историско најниско ниво. Ако е тоа така, сосема природно е за мене како претседател приоритет над сите приоритети да биде враќање на довербата на граѓаните во Уставниот суд и во правната држава. За тоа да се оствари неопходни се неколку чекори, предизивици. Прв е бескомпромисноста и независноста на Уставниот суд. Второ е мојата бескомпромисност во обидите за какви било политички или други влијанија врз судот. Уставната и правната култура ќе бидат високо на мојата агенда“, рече Костадиновски.

„Јавно кажувам дека сум и ќе останам лојален само на Уставот и никому друг“, додаде тој.

XS
SM
MD
LG