Светот низ фотографии
21 ноември, 2023 година
1
Украинска припадничка на војска носи портрет на британски борбен лекар, кој им се придружил на украинските вооружени сили како доброволец и бил убиен од руските војници на истокот на земјата, за време на неговата погребна церемонија во Киев.
2
Оган и димни бомби во парламентот во Тирана, Албанија. Пратениците од опозицијата повторно ја прекинаа седницата на Собранието во знак на протест против, како што велат, се поавторитарното владеење на владејачките социјалисти.
3
Француски полицајци се обидуваат да демонтираат џиновска свиња на надувување во приколка која блокира улица од активисти на Гринпис кои учествуваат на демонстрации против земјоделските политики и го осудуваат еколошкиот ефект на индустријализираното земјоделство, во близина на Министерството за земјоделство во Париз.
4
Лекарите ги префрлаат предвремено родените палестински бебиња евакуирани од Газа во амбулантни возила на египетската страна на границата Рафа.