Светот денес низ фотографии
3 ноември 2022

5
Пареа се крева од електраната на јаглен Нидераусем, Германија. Климатскиот самит на ОН COP27 треба да се одржи во Шарм ел Шеик, Египет, на 6 ноември.

6
Еден човек вози велосипед покрај оштетените згради во бегалскиот камп Јармук во јужните предградија на сирискиот главен град Дамаск. Режимот на сирискиот претседател Башар ал Асад ја врати територијата од бунтовниците и џихадистите во конфликтот што започна во 2011 година.

7
Данската премиерка и шефица на Социјалдемократската партија, Мете Фредериксен, гестикулира на изборна забава за општите избори, во Копенхаген, Данска.

8
Работниците ги проверуваат пилињата во работилница за инкубација на јајца во Бинжоу во источната кинеска провинција Шандонг.