Линкови за пристапност

Нова книга вели дека Трамп тајно му испратил на Путин ковид тестови


Боб Вудворд, вонреден уредник на „Вашингтон пост“ зборува во Њузеум во Вашингтон, 13 јуни 2012 година
Боб Вудворд, вонреден уредник на „Вашингтон пост“ зборува во Њузеум во Вашингтон, 13 јуни 2012 година

Поранешниот претседател Доналд Трамп тајно му испратил ковид тестови на Владимир Путин и покрај недостатокот во САД за време на пандемијата, и разговарал повеќепати со рускиот лидер по напуштањето на функцијата, се вели во нова книга на Боб Вудворд.

Книгата „Војна“, исто така, прикажува некои од погрешни чекори на претседателот Џо Бајден што тој ги потврди и неговата борба да спречи ескалација на конфликтот на Блискиот Исток, вклучително и огорченоста кон премиерот Бенјамин Нетанјаху поради залудните напори да ги натераат Израел и Хамас да постигнат примирје.

Во извадоците објавени во вторникот од „Вашингтон пост“, каде што тој е соработник уредник, Вудворд изложува детали и постапки на Трамп, за кој писателот вели дека задржал лични односи со Путин дури и додека води кампања за уште еден претседателски мандат, рускиот претседател води војна против Украина, сојузник на САД.

Со коронавирусот кој го погоди светот во 2020 година, Трамп испратил серија комплети за тестирање на својот колега во Москва.

Путин ги прифатил залихите, но се обидел да избегне политички последици за Трамп, повикувајќи да не го открива испраќањето на медицинска опрема, се вели во оваа книга.

Според Вудворд, Путин му рекол на Трамп:

„Не сакам никому да кажеш затоа што луѓето ќе се налутат на тебе, а не на мене“.

Вудворд, исто така, цитира неименуван помошник на Трамп во книгата, кој посочи дека Трамп можеби разговарал со Путин до седумпати откако ја напуштил Белата куќа во 2021 година.

„Вашингтон пост“, известувајќи за кингата на Вудворд, рече дека во еден момент на почетокот на 2024 година, Трамп наредил помошник да излезе од неговата канцеларија во резиденцијата Мар-а-Лаго во Флорида за да може да има приватен разговор со Путин.

Кингата треба да биде објавена на 15 октомври, само три недели пред критичните избори во САД. Трамп е во тесна трка против потпретседателката Камала Харис, кандидатот на Демократската партија.

Иако Харис навистина се појавува во книгата, таа се гледа како споредна улога на Бајден „и тешко дека самата ја одредува надворешната политика“, објави „Вашингтон пост“.

Вудворд пишува за американските претседателства 50 години, а ова е негова четврта книга, по победата на Трамп во 2016 година.

Вудворд заклучи дека интеракциите на Трамп, опишани во книгата, со авторитарен претседател во војна со сојузник на САД го прават понеспособен да биде претседател од Никсон.

„Трамп беше најневнимателниот и најимпулсивниот претседател во американската историја и го демонстрира истиот карактер како претседателски кандидат во 2024 година“, напиша Вудворд.

Кампањата на Трамп ја критикуваше книгата како „ѓубре“ и „измислени приказни“.

Според Си-Ен-Ен, кој добил копија од книгата пред објавувањето, Вудворд постојано го цитира Бајден како кажувал пцости додека разговарал за неговите лични и политички предизвици.

Бајден го нарекол Путин „олицетворение на злото“, го критикувал Нетанјаху како „лажго“ и рече дека „никогаш не требало да го избере“ Мерик Гарланд за државен обвинител на САД.

Според книгата, за време на телефонскиот разговор во април, Бајден станал иритиран од Нетанјаху. „Која е вашата стратегија, човеку? Бајден го прашал израелскиот лидер, според Вудворд.

„Мораме да одиме во Рафа“, рече Нетанјаху, мислејќи на град во јужниот дел на Газа. „Биби, немаш стратегија“, одговорил Бајден.

XS
SM
MD
LG