Линкови за пристапност

Нова анкета во САД покажува загриженост кај гласачите за економската политика на Бајден


Нова анкета покажува дека Американците се загрижени поради начинот на кој Џо Бајден управува со економијата, и покрај постојаното рекламирање на позитивни економски бројки од страна на администрацијата. Известува Анита Пауел.

Во еден од новите јавни настапи потпретседателката на САД, Камала Харис истакна:

„Во текот на изминатите три години, претседателот Бајден и јас ги намаливме трошоците, отворивме можности и градиме економија која е добра за работниците. Отворивме повеќе од 14, 5 милиони нови работни места, ги зголемивме платите на десетици милиони Американци. Довербата на потрошувачите е зголемена, а потрошувачката е на највисоко ниво досега. И иако ни останува уште работа, да бидеме јасни: американската економија продолжува да биде најсилна во светот“.

Според анкетите, загриженост во САД за домашната економија
please wait

No media source currently available

0:00 0:03:15 0:00

Шефот на американската централна банка, која цврсто ја одржува својата независност од политички притисок, се согласува.

„Ние чувствуваме дека инфлацијата се намалува. Растот е силен. Пазарот на трудот е силен. Она што се обидуваме да го направиме е да идентификуваме место каде што сме навистина уверени во инфлација, враќајќи ја на 2%, така што тогаш може да започне процесот на враќање на рестриктивното ниво“, рече Џером Пауел од Федералните резерви на САД.

Но, новата анкета од истражувачката компанија Ипсос покажува дека зголемениот број американски гласачи не веруваат во тоа, што влијае на шансите за реизбор на Бајден.

Бајден влегува во 2024 година со ослабена позиција. Рејтингот во овој момент е 38%
Клиф Јанг, „Ипсос“.

„Бајден влегува во 2024 година со ослабена позиција. Рејтингот во овој момент е 38%. И тоа е важно затоа што според нашето историско искуство, актуелен претседател со рејтинг од 40% или повеќе има подобри шанси од 50-50 да победи на следните избори“, вели Клиф Јанг од „Ипсос“.

Главното прашање на гласачите, вели Јанг, е економијата, а не нешто што не е важно.

„Ако го истражувате проблемот ќе видите дека тие навистина се загрижени за инфлацијата“, додава Јанг.

Демократските гласачи во Јужна Каролина со големо мнозинство го поддржаа Бајден на неодамнешните прелиминарни избори, но дури и тие велат дека го чувствуваат економскиот притисок.

„Цените на храната се високи. Повисоки отколку што сме имале некое време. И бензинот, исто така. Но, она од што сум охрабрена е што каматните стапки на хипотеките почнуваат да се намалуваат“, смета Сандра Троуер, жителка на Јужна Каролина.

Тоа, вели Јанг, е ново извртување на политичката изрека од времето на Клинтон, дека ист проритет за американските гласачи е економијата.

„Всушност сега тоа е инфлацијата. Ние навистина не знаеме како инфлацијата се одразува врз политиката и јавното мислење. Немавме големо искуство во САД во последните неколку генерации со високи стапки на инфлација“, додава Јанг.

Доналд Трамп ја промовираше својата економска логика пред гласачите во кампањата.

Поранешниот претседател, сепак, се соочува со четири кривични случаи и граѓанска пресуда за наводна деловна измама, во која тој е обвинет за преувеличување на неговото богатство.

Дали тоа ќе ги поколеба гласачите кои се чини дека веќе донеле одлука? Светот ќе дознае во ноември.

XS
SM
MD
LG