Линкови за пристапност

Макрон ја посети Нотр Дам две години по пожарот


Францускиот претседател во комбинезон и со безбедносен шлем ги посети градежните активности на катедралата

Претседателот Емануел Макрон во четвртокот ги пофали макотрпните напори за обнова на катедралата Нотр Дам, две години откако голем пожар ја зафати катедралата.

Неколку часа по пожарот, Макрон тогаш изјави дека катедралата, која датира од 12-тиот век, ќе биде обновена и подоцна вети дека ќе биде повторно отворена за верниците до 2024-та година.

Претседателот Макрон, облечен во комбинезон и безбедносен шлем, ги посети градежните активности на катедралата и им се заблагодари на работниците.

„Сите сме импресионирани од она што го гледаме, од работата што е постигната за две години. Браво и благодарам“, рече тој.

Работата на катедралата беше привремено запрена поради загриженост за контаминација со олово како и на моменти од пандемијата на коронавирусот.

Соборниот храм ќе биде вратен во оригиналниот дизајн.

Facebook Forum

XS
SM
MD
LG