Норвешката влада соопшти дека протерува 15 руски дипломати од земјата бидејќи биле осомничени за шпионирање додека работеле во руската амбасада во Осло.
Министерката за надворешни работи Аникен Хуитфелд рече дека овој потег е „важна мерка за спротивставување и намалување на опсегот на активностите на руското разузнавање во Норвешка, а со тоа и обезбедување на нашите национални интереси“.
Руските новински агенции објавија дека руското Министерство за надворешни работи соопштило оти Москва ќе одговори на ист начин.
Минатата година, во Норвешка беше уапсен човек за кој норвешката полициска служба за безбедност рече дека користел лажно име и идентитет и оти всушност работел за една од руските разузнавачки служби.
Извор: АП