Во тек се подготовките за средбата меѓу јужнорејскиот претседател Мун Џае Ин и неговиот севернокорејски колега Ким Јонг Ун на демаркационата граница што ги одвојува двете земји.
Разговорите се очекува да се фокусираат на нуклеарната програма на Северна Кореја, којашто сигнализираше подготвеност за суспендирање на програмата и тестовите на проектили.
По средбата, планирано е обајцата лидери да учествуваат во церемонија на засадување дрво на самата граница, со почва и вода од двете држави.
Според протоколот, Мун и Ким ќе имаат дополнителна средба и работна вечера.
Американскиот претседател Доналд Трамп треба да се сретне со Ким Јонг Ун во мај или јуни, но засега нема други детали.
Facebook Forum