Линкови за пристапност

Историска средба меѓу Јужна и Северна Кореја


По самитот меѓу претседателите на двете држави направен е чекор кон денуклеаризација на Корејскиот Полуостров

Самитот меѓу двете Кореи започна со историски чекор, кога севернокорејскиот лидер Ким Јонг Ун ја премина демаркационата граница, што ја подели Кореја пред повеќе од 60 години. Претседателите на двете држави се обврзаа да објават заедничка декларација за денуклеаризација и мир.

„Денес, јас и претседателот Ким Јонг Ун потврдивме дека целосната денуклеаризација на Корејскиот Полуостров е наша заедничка цел“, рече претседателот Мун Џае Ин.

Лидерот на Северна Кореја, исто така ја одобри заедничката декларација, како и претходните договори меѓу двете држави, без да елаборира или конкретно да каже за плановите за укинување на нуклеарната програма на неговата држава.

„Одлучивме да започнеме со транзициона фаза на подобрување на односите и развојот, преку целосно спроведување на декларации Север - Југ и сите договори кои веќе беа усвоени“, рече Ким.

Ким е првиот севернокорејски лидер кој преминал во Јужна Кореја. Тој беше пречекан од Мун, кој чекаше на јужнокорејската страна на границата, во Панмунџом, историска локација каде беше потпишано примирјето по Корејската војна во 1953-та година.

Ким изјави дека бил „возбуден за средбата на ова историско место“, по што истакнал рекол: „зошто требаше толку време“ за оваа средба.

„Ова има силно емотивно влијание врз мене“, изјави Ким за срдечното добредојде од Јужна Кореја.

Јужнокорејските власти ја уверија администрацијата на Трамп дека Ким е подготвен да се посвети на целосно укинување на нуклеарна програма, во замена за безбедносни гаранции од САД, олеснување на санкциите и помош во економски развој.

Претседателот Трамп на Твитер ја поздрави посветеноста на мирот и денуклеаризацијата, но додаде дека „времето ќе каже“ дали ќе се постигнат целите.

Facebook Forum

XS
SM
MD
LG