Линкови за пристапност

Во НАТО не може со луѓе без чисто досие


МВР почна со ветинг на вработените
please wait

No media source currently available

0:00 0:02:14 0:00

Велат за Гласот на Америка безбедносни експерти, по денешната најава за ветинг во МВР

Напредува иницијативата за ветинг на припадниците на Министерството за внатрешни работи. Во фаза на изготовка е Нацрт-текст, велат надлежните.

Идејата е во скоро време Предлог-закон за проверка на вработените во разузнавачките и безбедносите служби да влезе во собраниска процедура.

Засега се разгледуваат варијанти како би се извел тој ветинг, во план се комисии, како на ниво на сектори за внатрешни работи, така и на централно ниво.

„Треба да ги опфати сите вработени во МВР, да разговараме за стручното образование, за нивниот интегритет, за имотната состојба и за евентуални криминални активности на одредени структури во МВР. Ова е иницијатива и кон другите институции“, изјави министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски.

Тука се мисли на ветинг на сите институции кои имаат полициски овластувања, како и на Јавното обвинителство и судството. Експертите повикуваат на креирање кредибилен процес на проверка и филтрирање на професионалците заради избегнување на ситуациите во минатото и поставување партиски кадри на чувствителни позиции.

„Припадниците на МВР треба да се одликуваат со професионален пристап кон работата, а тоа подразбира чист процес на селекција на луѓе кои ќе бидат подготвени да ја прифатат добро осмислената обука според европски стандарди. Полицаецот мора да има интегритет, а тоа подразбира отпорност кон било какви влијанија“, изјави професорот Никола Дујовски.

Универзитетскиот професор Љупчо Арнаудовски рече дека „ако не создадеме инструменти со кои правната држава ќе ја заштитиме од другите две власти, ќе немаме правна држава“.

За ветинг на разузнавачкиот сектор се залага и НАТО, чија членка наскоро ќе стане и Северна Македонија.

„Кога ќе влезете во системот за разузнавање на Алијансата не може да оставите луѓе кои во професиоанлана смисла немаат чисто досие“, велат за Гласот на Америка безбедносни експерти.

Facebook Forum

XS
SM
MD
LG