Линкови за пристапност

Столтенберг ѝ посака добредојде на Северна Македонија како 30.членка на НАТО


Генералниот секретар на Алијансата ја поздрави денешната ратификација на пристапниот Протокол од страна на Сенатот на Шпанија

Шпанскиот Сенат го ратификуваше пристапниот Протокол за влез на Северна Македонија во НАТО, и со тоа сите сојузници ѝ посакаа добредојде на идната 30. членка, напиша на Твитер генералниот секретар Јенс Столтенберг, честитајќи ѝ на Северна Македонија.

Со ратификацијата на Протоколот од страна на Шпанија, Северна Македонија денес и официјално стана 30.членка на НАТО.

Министерот за надворешни работи Никола Димитров, на прес конференција со амбасадорот на Шпанија Емилио Лоренцо Сера, најави дека следен чекор е ратификацијата да се испрати до Стејт Департментот кој, пак, потоа ќе испрати известување до НАТО во Брисел.

На крај, објасни Димитров, Северна Македонија ќе го депонира Законот за членство во НАТО, кој беше ратификуван пред распуштање на Парламентот.

Facebook Forum

XS
SM
MD
LG