Линкови за пристапност

Музички сет на отворено во Охрид


Музички сет на отворено во Охрид
please wait

No media source currently available

0:00 0:01:06 0:00

Охридскиот ди џеј Кристијан Нестороски познат како Dj Nasty Deluxe, одржа свој сет, пуштајќи музика, на една од од најопасните карпи која буквално стои надвисната над Охридското езеро, во близина на црквата Свети Јован Канео.

Неговиот настап го следеа и случајни миннувачи кои подзастануваа, а музиката која тој ја пушташе можеше да се слушне и во блиската околина.

Кристијан за Гласот на Америка вели дека предизвикот бил голем. Идејата била да направат спој на музиката со природата во време кога светот, па и Македонија се соочуваат со пандемијата од корона вирусот и во тоа успеале.

Ди џеј Nasty Deluxe, вели дека со оваа професија се занимава веќе триесет години и оти чувството да се пушта музика на еден ваков простор по кој Охрид е препознатлив бил несекојдневен.

Facebook Forum

XS
SM
MD
LG