Северна Македонија и Бугарија да го продолжат дијалогот, и да ја усовршат политичката храброст за да можат да изградат конструктивен пат напред, порача заменик-помошникот секретар за одбрана на САД Лора Купер во интервју за Гласот на Америка.
Купер, по повод една година од приемот на државата во НАТО, рече и дека информациите за заканите на Бугарија со безбедносни служби звучат доста сериозно.
„Не сум запознаена со овие коментари што ги спомнавте, но, тие звучат доста сериозно. Јас можам да кажам од позиција на одбранбена соработка, дека она што уште го гледам во регионот е доста стабилен прогрес во одбранбената соработка меѓу НАТО членките, вклучувајќи ја и Северна Македонија. Почна по Договорот од Преспа, кога ги видовме воздушните сили на Грција како го прелетуваат небото врз Северна Македонија, и ќе продолжи со серијата вежби „Бранител 21“ оваа пролет, во која ќе учествуваат не само Северна Македонија, туку и Бугарија и други држави во регионот“, рече таа.
Купер нагласи дека САД, и конкретно администрацијата на Бајден, цврсто ја поддржуваат борбата против корупцијата.
„Ние работиме преку колегите од Стејт департментот и УСАИД да ги поддржиме владините напори во борбата против корупцијата, не само во Северна Македонија, туку и на Западниот Балкан“, изјави таа
Целото интервју може да го прочитате на следниов линк: .https://mk.voanews.com/a/pentagon-nato-macedonia-/5829602.html
Facebook Forum